Интерпарламентарно Собрание на Православието, во Тбилиси, Грузија, годинава за прв пат со македонска делегација.
На покана од раководството на Светското интерпарламентарно собрание на православието од 19 до 23 јуни за прв пат на годишното Генерално собрание ќе присуствува македонска делегација. Годишното собрание се одржува во Тбилиси, Грузија, а покрај директорот на Комисијата за односи со верските заедници г. Даријан Сотировски присутни се и пратеничките Ирена Стефовска од СДСМ и Ане Лешковска од ВМРО ДПМНЕ.
Светското интерпарламентарно собрание на православието е светска организација основана далечната 1993 година на основачко собрание во Атина. Организацијата се залага за негување на православните вредности, дијалог и соработка меѓу граѓаните, истакнување на придобивките од парламентаризмот во мултиконфесионални општества и важноста од надминување на споровите меѓу православните верници по пат на постојана посветена соработка.
Во СИСП членуваат над 20 држави членки, меѓу кои не е нашата држава, а се сите наши соседи. Државите членки се претставени од избрани пратеници во националните парламенти.
Изминатиов период Комисијата за односи со верските заедници активно соработуваше со СИСП, по што следуваше поканата да формираме за прв пат наша делегација. Ова е одлична можност за истакнување на нашите државни заложби и продлабочување на соработката со сите држави членки.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}