Комисијата започнува да доделува годишно Признание, со кое ќе ги афирмира придобивките од некоја активност, ќе искажува почит за нечиј труд, ќе укажува јавна благодарност и поддршка за проектите кои се од особен општествен интерес. За доделувањето Комисијата ќе формира работна група која следејќи ги придонесите и случувањата во годината, во согласност со утврден правилник ќе го избере носителот на годишното признание, кое може да се додели за „Разбудена надеж“, „Особен придонес“, или за „Животно дело“.