Женскиот камерен хор "Св.Злата Мегленска" на 25.04.2025 година во Соборниот архиепископски храм "Св. Климент Охридски" го одржа велигденскиот концерт "Воскресение Твое", на кој гостуваше и детскиот хор "Св. Кирил и Методиј" од Велес.
Женскиот камерен хор "Св.Злата Мегленска" на 25.04.2025 година во Соборниот архиепископски храм "Св. Климент Охридски" го одржа велигденскиот концерт "Воскресение Твое", на кој гостуваше и детскиот хор "Св. Кирил и Методиј" од Велес.
Концертот е поддржан од Министерството за култура, а е посветен на новите ангели на небото: Андреј ДНК, Сара, Ѓорѓи, Филип, Александар и останатите жртви од несреќата во Кочани.
На концертот присуствуваа: вицепремиерот г-дин Љупчо Димовски, министерот за дигитална трансформација г-дин Стефан Андоновски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска и градоначалникот на општина Кисела Вода г-дин Орце Ѓорѓиевски.
Ангелскиот детски пој на дечињата од хорот "Св.Кирил и Методиј" надополнет со молитвениот воспев на хорот "Св.Злата Мегленска" испрати силна порака до небото:
- Ангели наши, со песна ве воспеваме и со молитва почит на вашиот покој му оддаваме..."
Концертот "Воскресение Твое" за миг ги воскресна нашите срца, исполнувајќи ги со торжествена молитвена емоција , која не обврзува да го чуваме споменот на ангелите од трагедијата.
Да се биде дел од еден торжествен велигденски концерт каде духовното дише со сета силина, а световното низ песна му се поклонува, е повеќе од чест!