По повод одбележувањето на 20 годишнината од интронизацијата на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, на 13 и 14 ноември 2026 година; во црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме, Кралството Шведска, се отслужија свечени богослужби во присуство на свештенослужители, претставници на институции и бројни верници.
По повод одбележувањето на 20 годишнината од интронизацијата на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, на 13 и 14 ноември 2026 година; во црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме, Кралството Шведска, се отслужија свечени богослужби во присуство на свештенослужители, претставници на институции и бројни верници.
На 13 ноември, во попладневните часови беше отслужена Вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а молитвено присуствуваше и Епископот на Српската православна црква г. Доситеј.
Црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме е најстариот храм во Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзино официјално седиште, чиј камен-темелник бил поставен во 2000 година.
На 14 ноември, на празникот посветен на Светите бесребреници Козма и Дамјан беше отслужена Света архиерејска божествена Литургија, со која чиноначалствуваа Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештенослужители од Европската епархија на МПЦ – ОА.
На свеченото одбележување присуствуваше директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска, вршителката на должност во Амбасадата на Република Северна Македонија во Стокхолм, г-ѓа Станислава Чулиќ; директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов,; како и претставници на шведските институции и Шведската црква, како и бројни гости и верници.
Во знак на честитка, директорката на Комисијата, на Митрополитот Европски г. Пимен му подари прикладен подарок.
Јубилејот претставува значаен настан за Европската епархија на МПЦ – ОА, одразувајќи ја дведецениската архипастирска служба на Митрополитот г. Пимен; посветена на духовниот живот, зачувувањето на верската традиција и негувањето на поврзаноста на македонската заедница во Европа со татковината.
Во духот на верата, заедништвото и меѓусебната почит, македонската заедница во Малме достоинствено го одбележа овој значаен црковен јубилеј.