Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше и се обрати на трибината со наслов " Исламските заедници мостови и чувари на мирот во балканските земји".
На ден 11. 04. 2025 година во просториите на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, во организација на Исламската верска заедница во Македонија, Бошњачкиот национален Совет и Исламската верска заедница од Босна и Херцеговина; се одржа трибина со наслов " Исламските заедници мостови и чувари на мирот во балканските земји".
Целта на настанот беше поврзување на двете заедници и испраќање порака до сите верници дека мирот е најскапоценото и најсветото нешто. Меѓусебната почит и поддршка треба да бидат постојани и секоја верска заедница да го почитува различниот од себе, градејќи притоа мостови на соживот.
Свои обраќања на настанот имаа: директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска, Реис Ул Улема еф. Фетаи(поглавар на Исламската верска заедница во Македонија) и Реис Ул Улема Хусеин Кавазовиќ.Сите говорници ставија акцент на важноста на меѓусебната почит, стабилните односи помеѓу верските заедници, игнорирање на потенцијални можности за конфликти и сценарија кои би имале цел да ги нарушат стабилноста и мирот.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}