На покана на МПЦО „Св. Петка" при Европската епархија од Дизелдорф, во периодот од 15.11.20025 - 17.11.2025 година, во Ратинген, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на несекојдневен настан насловен како "Терирем".
Терирем, Терирем.... Пресвета Богородица му ја пее приспивнаввта песна на Христа...
Воздухот се исполнува со звукот на Терирем и се издигнува кон височините како тивка молитва, која во едно ги сплотува Македонија и дијаспората. И не постои веќе далечина за родната грутка, бидејќи носталгијата се преточува во духовна, заедничка радост.
На покана на МПЦО „Св. Петка" при Европската епархија од Дизелдорф, во периодот од 15.11.20025 - 17.11.2025 година, во Ратинген, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на несекојдневен настан насловен како "Терирем". На концертот исто така присуствуваше и почесниот конзул во Бон, г-дин Амон Бајрамовски.
Проектот "Терирем" е соработка помеѓу МПЦО "Св.Петка" од Дизелдорф (Европска епархија)раководена од отец Трајче Грозданов и Министерството за надворешни работи и трговија од Македонија, преку кој се става акцент на меѓусебната соработка помеѓу матичната земја и дијаспората, преку афирмација на културното и духовното богатство. Настанот беше модериран од Софија Цуцулевска и Бојан Димески.
Во рамки на настанот беше одржан концерт со православни црковни песнопеења кои се дел од "Терирем" - аудио и видео проект на Сузана Спасовска,, во придружба на Црковниот клирос "Пелагонитиса" под водство на Протопсалт м-р Георгиј Секулоски; како и Св.Златоустова Литургија во спомен на Св.Георгиј Победоносец, како и повеќедневно неформално дружење на нашинците во околината на Дизелдорф.
Директорката Трајковска имаше посебна чест да се обрати пред присутните браќа и сестри, кои со еден здив ја пееја "Славете го Господа" и со солзи во очите го слушаа нашиот македонски јазик, што е невозможно, а да не предизвика лавина од емоции.
Од страна на директорката на КОВЗРГ беа доделени скромни по големина, но големи по суштина- подароци: икона на Св.Петка, на секретарот на МПЦО „Св. Петка“, г-ѓа Софија Цуцулевска - изработена на Света Гора; филигран на почесниот конзул, г-дин Амон Бајрамовски и комплет духовни книги на отец Трајче Грозданов
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи останува силен поддржувач на македонската дијаспора и сите активности, кои произлегуваат од нивна организација.
Нека македонскиот јазик и култура пуштат корени насекаде низ светот, каде и да сме!