Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска по повод смртта на Светиот отец папата Франциск упати телеграма со сочуство до Светиот престол и до Католичката црква во Македонија.

Со длабока тага и искрено сочувство ја примивме веста за
упокојувањето на Неговата Светост, Папата Франциск – пастирот
на надежта, гласот на скромноста и праведноста, и силниот мост
меѓу народите, религиите и сиромашните.
Во името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни
групи, изразувам длабоко сочувство до Светиот Престол, до
католичката заедница во Северна Македонија и до сите верници
ширум светот.
Светлиот пример на Папата Франциск – неговата човечност,
понизност и силна заложба за мир, дијалог и социјална правда – ќе
останат вечно врежани во колективната меморија на човештвото.
Нека неговата душа најде мир во Божјата милост.