Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, упати телеграма до Еврејската заедница по повод Јом Кипур – најсветиот ден во еврејската верска традиција.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, упати телеграма до Еврејската заедница по повод Јом Кипур – најсветиот ден во еврејската верска традиција.
Дозволете ми Вам лично, и на сите припадници на Еврејската заедница, од мое име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод Јом Кипур – Денот на помирувањето.
Пораката на Јом Кипур има особено значење и во нашето современо општество. Почитувањето на другиот, одговорноста за изговорениот збор и направеното дело, подготвеноста да се побара и да се даде прошка се вредности врз кои се градат довербата и добрите односи меѓу луѓето.
Негувајќи ја традицијата на меѓусебно почитување и соживот во нашата држава, остануваме посветени на зачувувањето на верските слободи, почитувањето на различностите и унапредувањето на дијалогот меѓу верските заедници.
Нека молитвите и постот за време на овој празник, бидат извор на духовна смиреност и сила на помирување-со Бога, со ближниот и со самите себе.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}