Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.

Во деновите на Воскресението Христово – темелот на нашата вера и вечен извор на надеж – дозволете ми од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово, Велигден.
Нека Воскресението Христово донесе Воскресение во секоја душа македонска, која низ вековите дишеше со вера, чувајќи го својот духовен, културен и национален идентитет, нашата традиција и посебност. Македонската православна црква – Охридска архиепископија останува жив сведок на таа истрајност, чувар на духовноста и светилник што го води народот низ сите искушенија.
Во воскресенската светлина се огледува и нашата должност – да го негуваме она што сме го наследиле: верата, јазикот, културата и заедништвото. Да бидеме достојни продолжувачи на духовната традиција, градејќи општество во кое љубовта, почитта и солидарноста се темел на заедничкиот живот.
Нека радоста од Христовото Воскресение донесе мир во срцата, сила во делата и надеж во иднината, а Вашата архипастирска служба продолжи да биде поткрепа и водство за верниот народ и за зачувувањето на македонската духовна и национална самобитност.
Христос воскресе!
Навистина воскресе!