Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите верниците од православна вероисповед.

Ваше Блаженство,
Престојниот Велигденски пост – периодот за личен и заеднички духовен подвиг е пред нас, да бидеме сите заедно во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и од мое лично име, Ви упатувам искрени зборови и тивки молитви за благословен и мирен Велигденски пост.
Нека ова време на пост и покајание биде причина за укрепување во нераскинливо духовно поврзување. Нека нашите срца се очистат и подготват за најсветиот празник Воскресението Христово.
Во Светото Писмо е напишано: „Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост“. Затоа во овој возвишен период нека нашите молитви бидат искрени и нашите дела исполнети со љубов, како што подучувал и самиот Христос.
Божјиот благослов да биде со Вас, да живееме во мир, со меѓусебна почит и да даруваме љубов христијанска во овие свети денови, а овој пост да нè води кон духовно ослободување и спасение.
Благословен и мирен Велигденски пост!