Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до свештенството и верниците на Католичката црква по повод празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-Скопски Мон. Д-р Киро Стојанов, свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ
Ваше Превозвишенство,
Во духот на најголемата христијанска радост, Воскресението Господово, од име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, и од мое лично име, упатувам срдечни честитки до Вас, целото католичко свештенство и монаштво и до сите верници од Католичката црква во Република Македонија.
Во оваа радосна празнична молитва, заедно да испратиме и порака на длабоко почитување и соработка, во духот на соживотот, меѓусебното разбирање и заедничката грижа за духовниот и човечкиот напредок на нашата заедничка татковина.
„Го видов гробот на Христос Живиот и славата на Воскреснатиот:
Ангели сведоци, покров и платно.
Воскресна Христос – надеж моја“
(Пасхален тропар во католичката литургиска традиција)
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА-НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
Директор
Оливера Трајковска