Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Рамазан Бајрам.

Почитуван Реис Ул Улема Шаќир Ефенди Фетаху, почитувани верници од муслиманска вероисповед,
Дозволете ми Вам лично, од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник - Рамазан Бајрам.
Во духот на овој свет празник, се потсетуваме на наголемите добродетели во животот на човекот: пожртвуваноста, милосрдието, трпението, како и искрената подготвеност да се помогне на другиот и да се подаде рака на секој што се наоѓа во неволја. Без оглед на разликите меѓу нас, да градиме мостови на зближување, да живееме едни со други, зошто само така ќе можеме да создадеме посреќно и поубаво општество. Вистинската среќа и вера на човекот се мерат преку добрината што ја прави, што го потврдува и Светиот Куран: „…и правете добро – Аллах ги сака добротворите“ (2:195).
Нека овие бајрамски денови нè поттикнат сите да бидеме похумани, посолидарни и попосветени едни на други, градејќи општество во кое почитта и разбирањето се темел на заедничката иднина.
Честит Рамазан Бајрам!