Директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
Директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
Почитуван Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаи,
Дозволете ми во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам Вам, на членовите на Ријасетот, муфтиите и имамите, искрени честитки по повод големиот муслимански празник - Курбан Бајрам.
Овој голем муслимански празник нѐ потсетува на возвишената смисла на жртвата, верата и човечката добрина. Симболиката на Курбанот не се согледува само во принесувањето, туку пред сѐ во искреноста на срцето, милосрдието и подготвеноста човекот да биде потпора на другиот, како што се вели во Светиот Куран:
„До Аллах не стигнува ниту нивното месо ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата богобојазливост.“(Сура Ел-Хаџ, 22:37)
Празничната порака нека ја зачува суштината, вистинската вредност отсликана преку чистата намера, љубовта кон ближниот и делата исполнети со човечност и солидарност. Празничните денови нека внесат спокој во домовите, радост во семејствата и духовна сила кај сите верници од исламска вероисповед.
Во духот на меѓусебното почитување и разбирање, како и традицијата на соживот што со векови се негува во нашата татковина, остануваме посветени на заедничката мисија- градење општество исполнето со мир, достоинство и взаемна почит.
Ви посакувам Вам, на Ријасетот и на сите верници: добро здравје, благосостојба и бајрамски благослови.
Бајрам шериф мубарек олсун!
Директор
г-ѓа Оливера Трајковска