Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Рош Хашана.
Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Рош Хашана.
Дозволете ми Вам лично, на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот празник Рош Хашана.
Традиционално Евреите од целиот свет на овој ден го одбележуваат почетокот на новата година и почетокот на десетдневниот период на молитва и покајание кој завршува со Јом Кипур. Пораките што ги испраќаат се за доброто на секој човек и на целиот свет поучени од минатото. Да продолжиме во афирмирање на позитивните вредности кои нè обединуваат во нашиот заеднички стремеж за заедничка просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓани во нашата држава.
Поздравувајќи Ве со традиционалниот поздрав Ла Шана Това Ви посакувам успешна и плодна година исполнета со многу љубов, здравје и благослови.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}