Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Песах
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската верска заедница, г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Песах.
ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ
Почитуван г-дин Пепо Леви,
Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ и одбележувањето на денот кој претставува симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ .
Симболот на ПЕСАХ претставува симбол на новото раѓање и надеж за еден подобар свет во кој мирот, напредокот и соживотот ќе бидат универзални вредности. Денес, празникот ПЕСАХ е тука да нè потсети дека верата во Бога и духовните вредности се клучни фактори во создавањето на мирот и елиминирање на деструктивноста. Меѓусебното разбирање и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува кон остварување на највисокиот идеал на слободата.
Ви посакувам, овој голем празник да го поминете во мир и благосостојба, и нека овој голем еврејски празник во сите нас ја ослободи универзалната потребата да сакаме и да бидеме сакани.
Хаг Песах самеах!
Честит Песах!
Директор
Оливера Трајковска
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}