Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската верска заедница г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Јом Кипур.

Почитуван г-дин Пепо Леви, почитувани претставници на Еврејската заедница,
Во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ми претставува особена чест да Ви упатам искрени честитки по повод големиот еврејски празник– Јом Кипур.
Овој празник, познат како „Ден на покајанието“, според еврејската традиција е ден кога Бог ја запечатува судбината на човекот во Книгата на животот за наредната година, во зависност од тоа колку тој им простил на другите. Време на длабока интроспекција на делата од минатото, но и надеж за подобра и посветла иднина.
Токму затоа, нека овој свет ден биде извор на духовна сила, простување и мир, како и потсетник на нашата заедничка определба за толеранција, соживот и меѓусебна почит во нашето општество.
На Вас лично и на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија, Ви посакувам празникот да го поминете во здравје, духовен мир и благосостојба.