Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Јом Кипур.
Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Јом Кипур.
Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам големиот празник ЈОМ КИПУР.
Во насока на симболиката на овој празник, кој го одбележува крајот на десетдневниот период на молитви и покајување во еврејската традиција, Ви посакувам и овој голем да придонесе за понатамошното ширење на толеранцијата, солидарноста и мирот кај Вас, но и помеѓу сите луѓе и заедници во нашето општество.
Прифаќајќи ја идејата дека мирот во светот почнува со личниот мир и преиспитување на своите дела, остваруваме среќен живот за сите и со тоа ја прифаќаме пораката на овој голем празник.
Ви посакувам одбележувањето на овој свет еврејски празник, да го минете во спокој, мир и среќа.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}