Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма до Еврејската заедница по повод еврејскиот празник Рош Хашана.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма до Еврејската заедница по повод еврејскиот празник Рош Хашана.
Почитуван г-дин Леви,
Дозволете ми, Вам лично и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, од мое име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки и најдобри желби за Новата 5787 година.
Рош Хашана е време на духовно преиспитување и обновување, на надеж и нов почеток, но и потсетување на трајните вредности на добрината, милосрдието и одговорноста кон ближниот.
Во духот на древната еврејска традиција, посакувам на овој голем еврејски празник сите да бидете запишани во Книгата на животот за добра и благословена година, исполнета со здравје, мир, благосостојба и радост во Вашите домови.
Нека 5787 година донесе нова надеж и спокој, меѓусебно разбирање и уште посилно заедништво, а вековната еврејска традиција и духовно наследство и понатаму да бидат значаен дел од богатството на нашето заедничко општество.
Шана Това у-Метука!
Добра и слатка Нова година!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}