Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки по повод изборот на Неговото високопреподобие, Архимандритот проф. д-р о. Георгиј (Ѓорѓевски) за Митрополит дебарско-кичевски.

Почитуван новоизбран Митрополите,
Со духовна радост и молитвено возвишение, ја упатуваме оваа честитка по повод Вашиот изборот за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА, со надеж дека оваа света и одговорна архипастирска служба ќе биде исполнета со Божја благодат, пастирска мудрост и несебична љубов кон Христовото стадо. Нека Светиот Дух, Кој ги просветлува и води пастирите на Црквата, Ве укрепи Вам во оваа нова мисија во служба на доверениот Ви народ, свештенство и монаштво.
Во овие времиња на духовни предизвици и општествени искушенија, од големо значење е Црквата да има архиереј кој ќе го сведочи Евангелието со ревност, кротост и љубов, водејќи ги верните по патот на спасението, во духот на светите отци и на македонските просветители – свети Климент и Наум Охридски.
Од сѐ срце Ви посакуваме духовна сила, пастирска мудрост и уште долги години плодотворна служба во Христовата Црква.
Долгоденствувај и води го својот народ кон спасението во евангелски дух.
Со почит,
Директор
Оливера Трајковска