Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки по повод изборот на Неговото преосвештенство Епископот велички г. Никола за Митрополит Австралиско-новозеландски
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки по повод изборот на Неговото преосвештенство Епископот велички г. Никола за Митрополит Австралиско-новозеландска
Почитуван новоизбран Митрополите,
Дозволете ми, по повод Вашиот избор за Митрополит Австралиско-новозеландски, од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки и молитвени желби за успешно и благословено архипастирско служење.
Нека Вашата мисија биде водена од словото Божјо, проповедајќи го и живеејќи го Евангелието како достоен пример пред верниците. Со духовна мудрост, љубов и посветеност да ја водите епархијата, носејќи радост, утеха и исцеление на сите верници – не само во Австралиско-новозеландската епархија, туку насекаде каде што живее и дише верата на македонскиот народ.
На митрополитскиот трон, словото и силата на духот да бидат Ваша поткрепа во пастирската служба, а Вашето дело светол патоказ за идните поколенија.
НА МНОГАЈА ЛЕТА!