По повод одбележувањето на 10 годишнината од канонизацијата на Света Мајка Тереза, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, вчеравечер присуствуваше на свеченото отворање на манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“ и се обрати пред присутните со прогоден говор.

Манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, која се одржува од 26 август до 5 септември 2026 година, преку повеќе духовни, културни, социјални и хуманитарни содржини го одбележува значајниот јубилеј.
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов се обрати пред присутните и се осврна на животниот и духовниот пат на светителката , скопјанката чија мисија на љубов и милосрдие стана наследство на целиот свет.
На свеченоста присуствуваа и поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата Маја Иванова, Реис Ул Улема Шаќир ефенди Фетаи како и претставници на верските заедници, државните институции и дипломатскиот кор, како и бројни почитувачи на ликот и делото на Света Мајка Тереза.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}