На покана на амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н. Е. Паоло Палминтери, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на свечениот прием организиран по повод Националниот ден на Република Италија, кој се одржа во Музејот на современата уметност во Скопје.

Националниот празник на Италија се одбележува на 2 јуни, во спомен на историскиот референдум од 1946 година, кога италијанскиот народ се определил за републиканско уредување, отворајќи ново поглавје во современата историја на земјата.
Свеченоста во Скопје ги обедини претставниците на државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, верските заедници, културниот и јавниот живот, потврдувајќи ги традиционално добрите односи и пријателството меѓу Македонија и Италија.
Со своето присуство на настанот, директорката Трајковска ја потврди посветеноста на Комисијата кон негувањето на добрата меѓународна соработка, меѓуверскиот дијалог и вредностите на толеранцијата и меѓусебното почитување, кои претставуваат значаен мост на поврзување меѓу двете пријателски земји.