На 24 февруари 2026 година, на покана на поглаварот на Исламска верска заедница, Реис ул Улема хфз. Шаќир еф. Фетаи, присуствував на свечената ифтарска вечера во духот на светиот месец Рамазан.
На 24 февруари 2026 година, на покана на поглаварот на Исламска верска заедница, Реис ул Улема хфз. Шаќир еф. Фетаи, присуствував на свечената ифтарска вечера во духот на светиот месец Рамазан.
На настанот присуствуваа највисоки претставници на државните институции и јавниот живот. Меѓу гостите беа Претседателката на државата, Н.Е. Гордана Силјановска Давкова; претседателот на Собранието, г-дин Африм Гаши и градоначалникот на Град Скопје; министерот за здравство, г-дин Азир Алиу; г-дин Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на општина Тетово, г-дин Билал Касами. Меѓу присутните беа и преставници на верските заедници, министри и заменици-министри, претседатели на политички партии, градоначалници, амбасадори, ректори на универзитети и бројни претставници од општествениот и граѓанскиот сектор.
Во рамки на вечерата свое обраќање имаше Реисот, кој им посака добредојде на присутните и лесен пост, истакнувајќи дека Рамазан претставува месец на размислување, духовно приближување и заедничка одговорност. Тој подвлече дека единството, толеранцијата и соживотот се темелни вредности врз кои се гради стабилноста и перспективата на нашето општество.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}