По повод 13 ноември - Денот на ослободувањето на градот Скопје беше организирана Свечена академија и тридневен научен собир.
Свечената академија по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ беше во организација на Државен Архив на Македонија, а под покровителство на г. Христијан Мицковски, претседател на Владата на Република Македонија. и се одржа во Музејот на македонската борба.
На свечената академија насловена како " АСНОМ - израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување" со свои пригодни говори се обратија: г. Христијан Мицковски, претседател на Владата на Република Македонија; г - ѓа Наташа Котлар - Трајкова, директорка на Државниот архив; г - дин Живко Попов, претседател на МАНУ ; г - ѓа Билјана Ангелова, ректорка на УКИМ и г - дин Митко Б. Панов, директор на Институтот за национална историја. Во рамки на свечената академија, присутните гости имаа можност да ја разгледаат и изложбената поставка во холот на музејот.
Тридневниот научен собир се одржа во периодот од 13 - 15 ноември 2024 година во музејот на македонската борба за самостојност и музејот на Холокаустот. Собирот беше во организација на Институтот за национална историја и како излагачи се обратија голем број на истакнати професори: Новица, Велјановски, Владо Поповски, Билјана Поповска, Љубица Јанчева, Ѓорѓи Малковски, Катерина Тодоровски, Зекир Рамчиловиќ, Виолета Ачковска, Елја Јачева - Улчар и други истакнати професори и академици.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на Свечената академија и на научниот собир со огромно задоволство и желба за понатамошна соработка со организаторите.