КОВЗРГ го одржа годишниот прием и го додели признанието „Вељо Манчевски“
Во предвечерието на еден светол празник, на 03.12.2024 година, во македонската филхармонија се одржа годишниот прием " Вељо Манчевски" во организација на Комисијата за односи со верските заедници.
Приемот традиционално се одржа по трет пат, во спомен на првиот референт на верското поверенство Вељо Манчевски со акцент на негување, промовирање и афирмирање на вистинските вредности во општеството.
Во рамки на настанот имаше богата програма, свои настапи имаа хоровите на верските заедници, хорот "Св Злата Мегленска", драмски перформанс на Стефанија Мартиновска и Јован Цветковиќ и приказ на краток документарен филм "Еден поинаков времеплов".
Во присуство на претседателката г - ѓа Гордана Силјановска - Давкова, верските лидери, министерот за правда г - дин Игор Филков, голем број претставници од државниот и верскиот живот во Македонија беа доделени највисоките признанија за оваа календарска година.
Добитници на признанието се:
- Академик Ѓорги Поп Атанасов од МПЦ-ОА;
- Сестра Наталија од КЦ;
- Идрис ефенди Идризи од ИВЗ;
- Проф. д-р Самуел Садикарио - Коломонос од ЕЗРМ, и
- Поранешниот претседател Борис Трајковски (постхумно) од ЕМЦ.
Признанијата на добитниците им беа доделени од страна на директорката г - ѓа Оливера Трајковска.
Вчерашниот настан остави трајни спомени во колекти вната и индивидуалната меморија преку духот на заедништво, мир и соживот кадешто на едно место заеднички дишеја сите вери и сите националности.
Верата е безгранична кога темелот е љубовта. Вистинската вера е темелот на едно здраво општество, а пораката за такво општество минатата вечер сите заеднички ја испративме , пеејќи ја македонската химна и славејќи го Бога на различен, а сепак ист начин, со љубов.
VIDEO