Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари средба со претставници на Асоцијацијата на вероучителите.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г - ѓа Оливера Трајковска во својот кабинет ги прими отец Бобан Митевски и сестра Ефимија во име на Асоцијацијата на вероучители.
На состанокот беше поздравен предлогот на директорката за воведување на предметот Етика во рамки на образовниот процес.
Исто така беа пренесени барањата на вероучителите кои се однесуваат конкретно на предметот Етика на религии кој во моментов го предаваат, како и нивниот работен статус.
Директорката истакна дека во наредниов период ќе бидат остварени средби со сите засегнати страни и чинители, со тенденција да бидат реализирани зацртаните цели.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}