На 10 февруари 2024 година директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г - ѓа Оливера Трајковска оствари средба со претседателката Н.Е. г - ѓа Гордана Сиљановска Давкова и имаше можност да ги претстави актуелните состојби, предизвиците и предвидените активности на Комисијата.

Воедно, даде осврт на важни теми кои се однесуваат на прашања од верската сфера и се од голема важност за мултиконфесионализмот, промоцијата на мир и соживот.
Во функција на претстојните образовни реформи, директорката на Комисијата даде предлог за воведување на етичко образование со почетокот на образовниот процес. Поконкретно, воведување на етика од прво одделение, преку која со основните етички норми учениците ќе бидат запознаени од страна на одделенските наставници од прво до петто одделение. Исто така, воведување на изборен предмет Етика во текот на четирите години, од шесто до деветто одделение; чијашто основа ќе биде религијата, но ќе интегрира и елементи од филозофијата, социологијата, , психологијата и етиката и би можеле да ја предаваат теолози.
Воведувањето на етиката ќе игра клучна улога во формирањето на здрави и етички воспитани идни генерации.
Од состанокот произлегоа повеќе иницијативи, кои со својата реализација директно ќе влијаат во решавањето на важни општествени прашања.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}