Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари средба со Неговото високопреподобие, архимандритот г. Гаврил (Галев), долгогодишен мисионер помеѓу македонскиот народ на Австралискиот континент и игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г - ѓа Оливера Трајковска во текот на вчерашниот ден оствари средба со високопреподобниот архимандрит на Австралиско - сиднејската епархија г. Гаврил.
На средбата беше истакната взаемната иницијатива за соработка помеѓу Комисијата и црковните општини од Австралиско - сиднејската област, можностите за верско и културно поврзување преку реализација на конкретни активности.
Во знак на поддршка на проектот за опремување на библиотека за нашите македонски иселеници, директорката подари примероци на книги кои се публикации на КОВЗРГ и кои ќе бидат од голема полза за изучување на верски теми, но и на македонскиот јазик.
Соработката со Австралиско - сиднејската епархија ќе продолжи во континуитет, со низа заеднички активности.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}