Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, оствари средба со Гунила Халонстен (Gunilla Hallonsten), главен свештеник на Шведската лутеранска црква во Малме, Шведска.

Во рамките на посетата, директорката се запозна со историјата и духовното значење на црквата „Св. Никола“, позната и како црква на морнарите. Во минатото, овој храм служел како место за молитва на морнарите, кои пред заминувањето на пловидба доаѓале да побараат благослов и заштита.
Особено впечатлив е архитектонскиот изглед на горниот кат на црквата, обликуван во форма на брод, кој и денес ја сведочи историската поврзаност на храмот со поморската традиција и духовниот живот на морнарите.
На средбата беше истакната и одличната соработка меѓу Шведската црква и Православната црква во Малме, која се темели на меѓусебна почит, разбирање и сестрана поддршка.
Посетата претставува можност за продлабочување на меѓусебното запознавање со верските заедници и искуства, како и за поттикнување на меѓуцрковниот дијалог и соработката.