Директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски присуствуваше на одбележувањето на празникот Собор на сите македонски светители
По повод чествувањето на празникот Собор на сите македонски светители, кој инаку, секогаш се празнува во првата недела на октомври, Македонската православна црква го започна со низа свечености. Овогодинешното празнување на празникот беше збогатено со осветувањето на новоизградениот храм „Раѓање на свети Јован Крстител“ во населбата Бутел, како и со одбележувањето на големиот јубилеј на Неговото блаженство, Митрополитот скопски, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, кој свечено во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, на бројно свештенство и монаштво и на многуброен верен народ ги прослави: 20 годишнината од устоличувањето на тронот на охридските архиепископи, како петти Архиепископ на возновената Охридска архиепископија во ликот на Македонската православна црква и 33 годишнината од неговата хиротонија.
По тој повод, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски зеде учество на литургиското чествување и осветувањето на храмот. По Светата литургија се одржа заедничка трпеза.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}