На симпозиумот присуствуваше и директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска.
На ден 09. 03. 2025 година, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија со почеток во 16 часот се одржа Симпозиумот „80 години по војната – сеќавајќи се на минатото, градиме иднина“.
Симпозиумот беше поделен на две панел дискусии. Во првиот панел кој го модерираше пратеничката Рашела Мизрахи говорници беа: поранешниот Претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, Рабин Ендру Бејкер, Ј. Д. Бинденагел и Едвард Серота, додека вториот панел беше резервиран за младите од ИСЛАА (Иванов школа на млади лидери).
На сесиите присуствуваше и директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска.
Свое обраќање на симпозиумот имаше и премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски, кој меѓудругото го нагласи следното:
„Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати.
Но, историјата не е само спомен, таа е лекција. Нашата обврска е да ја зачуваме вистината, да се спротивставиме на заборавот и да градиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување.
„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог. Да не дозволиме минатото да се повтори. Нека споменот на жртвите биде вечен.“.