Денеска беше одбележана 83 годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во центарот за убивање Треблинка.
Денеска беше одбележана 83 годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во центарот за убивање Треблинка.
Пред Монополот во Скопје, местото кадешто во 1943 година; Евреите од Скопје, Битола и Штип биле собрани и депортирани со сточни вагони кон Треблинка, положив свежо цвеќе во спомен на сите изгубени животи.
На централната комеморација во Скопје, Премиерот Христијан Мицкоски и Претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви, ја истакнаа моралната должност за зачувување на вистината наспроти заборавот. На комеморацијата присуствуваше и деректорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска
Присуството на германската Амбасадорка Петра Дрекслер даде силна меѓународна порака, при што беше потврдена историската одговорност на нацистичка Германија за злосторствата против човештвото.
Овој ден е опомена за човечштвото, затоа:
-Никогаш да не се повтори!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}