Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија на ден 14. 04. 2026 година го одбележаа Јом Хашоа – ден на сеќавање на 6 милјони жртвити од холокаустот и херојството од востанието во Варшавското гето во 1943 година.
Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија на ден 14. 04. 2026 година го одбележаа Јом Хашоа – ден на сеќавање на 6 милјони жртвити од холокаустот и херојството од востанието во Варшавското гето во 1943 година.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на настанот.
На настанот свое обраќање имаше Претседателот на ЕЗРМ г-дин Пепо Леви и ВД шеф на мисија при Амбасадата на САД во Скопје г-ѓа Никол Варнс, а директно преку линк се обрати и г-ѓа Андреа Бертранд од Меморијалниот музеј на Холокаустот на САД. Во своите пораки говорниците упатија силни апели за сеќавање, почит и одговорност, нагласувајќи дека Холокаустот не е само историска трагедија, туку и трајна опомена за човештвото. Беше истакнато дека борбата против антисемитизмот, омразата и нетрпеливоста е заедничка обврска на сите општества кои се стремат кон мир, соживот и демократски вредности.
На настанот присуствуваше и претседателката на Република С. Македонија г-ѓа Гордана Силјановска Давкова која ги запали шесте меморијални свеќи, оддавајќи им почит на шете милјони жртви на холокаустот.
Во програмата беа вклучени рецитал на ученици од ООУ „Петар Поп-Арсов“ – Скопје, како и отворање на изложба од училишниот конкурс за ликовни творби „Холокаустот низ призмата на детските очи“, при што беа доделени награди за најуспешните ученици.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}