Средбата се одржа на 18 јуни во француската резиденција по повод посетата на Скопје на г -дин Жан Кристоф Посел, советник за религиски прашања во Франција.
На покана од г- дин Филип Маршело, вршител на должност во амбасадата на Франција во Македонија; директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на работна вечера во француската резиденција.
Средбата се одржа на 18 јуни во француската резиденција по повод посетата на Скопје на г -дин Жан Кристоф Посел, советник за религиски прашања во Франција.
На средбата исто така присуствуваа : г-ѓа Јадранка Чаушевска - Димов, последната амбасадорка во Париз; Жаклина Поп- Ангелова, шеф на кабинет и преведувач и Петар Петковски, советник за теолошки прашања и координација на реализацијата на проектите и активностите при КОВЗРГ.
Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и споделување на искуства на двете држави, функционирањето на секуларната држава, надлежностите на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, како и многу други теми од сферата на религиските прашања.
И двете страни изразија подготвеност за понатамошна соработка и одржување на средби со различен фокус.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}