Директорката на КОВЗРГ оствари работна средба со директорот на ОМД за Македонија
На ден 04.12.2024 година директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г - ѓа Оливера Трајковска, во својот кабинет ги прими Гордан Јорданов - претседател на Обединета македонска дијаспора за Македонија и Константина Милена- претставник на дијаспората од Швајцарија.
На работниот состанок беше разговарано за прашања од верскиот туризам, развој на активна соработка помеѓу Комисијата и дијаспората, како и повеќе краткорочни и долгорочни проекти кои заеднички ќе се реализираат.
Желбата за соработка на претставниците од македонската дијаспора со институциите во Македонија секогаш била на високо и задоволително ниво и во тој правец ќе продолжи во иднина, вклучувајќи ја и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}