Еврејската заедница во Македонија во синагогата "БетЈаков" го прослави празникот на светлината - Ханука.
Еврејската заедница во Македонија вчера вечер во синагогата "БетЈаков" го прослави празникот на светлината - Ханука.
Во присуство на голем број верници беше отслужена празнична служба. На службата присуствуваа: претседателката Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Архиепископот г.г. Стефан, бискупот монсињор д - р Киро Стојанов, директорката на Комисијата за односи со верски односи и религиозни групи Оливера Трајковска, Марјан Димовски од евангелско - методистичката црква, градоначалници и пратеници.
По завршувањето на службата беа запалени три свеќи кои го навестија доаѓањето на светлината, а веднаш потоа следуваше и пригодна културна манифестација.
Честита Ханука почитувани припадници на Еврејската заедница во Македонија!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}