Делото „Плодови на духот“ допрва ќе ја доживее својата димензија и ќе биде од духовна полза за многу генерации кои допрва доаѓаат.
На 13.03.2025 година во НУ Музеј на македонската борба за самостојност беше промовирано тритомното издание на „Плодови на духот“ од протопрезвитер-ставрофор проф. д-р Ацо Гиревски во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
Промоцијата со воведно Слово ја отвори директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска, која преку свој личен осврт даде краток опис на делото.
Промоторите - Неговото Блаженство г. г. Стефан, архиепископ Охридски и Македонски и академик Катица Ќулавкова низ своевиден светоглед зборуваа за автентичноста и вредноста на делото, кое се остава како духовна храна на идните генерации.
Промоцијата беше збогатена со настапот на младиот музичар Јован Цветковиќ.
На промоцијата присуствуваа претставници на верските заедници, митрополити, епископи, амбасадори, декани, професори, директори на државни институции и голем број вљубеници во пишаниот збор.
Делото „Плодови на духот“ допрва ќе ја доживее својата димензија и ќе биде од духовна полза за многу генерации кои допрва доаѓаат.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}