Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Католичката црква во Македонија, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, на 05.11.2025 година во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа незаборавна вечер исполнета со музика, збор и духовност.
Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Католичката црква во Македонија, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, на 05.11.2025 година во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа незаборавна вечер исполнета со музика, збор и духовност.
Градоначалникот Максим Димитриевски свечено го отвори настанот, нагласувајќи дека „верските заедници се темел на општествениот систем и чувари на духовните вредности на нашиот народ“.

Вечерта ја обоија музичките настапи на Марија Ѓеоргиевска–Ристевска, Филип Костов и оперскиот пејач Дарко Тодоровски, кои со своите изведби ѝ дадоа посебна возвишеност на атмосферата.

Публиката беше дел од величествена промоција на монографијата посветена на 25 годишното епископство на монсињор д-р Киро Стојанов, која го осветли патот на верата и заедништвото низ четврт век посветеност и служба. Исто така имаше можност да го погледне видео-записот посветен на делото на бискупот Стојанов, а потоа следеше панел-дискусијата „Христијанските вредности – мост меѓу традицијата и современото живеење". На панел дискусијата преку лични сведоштва и емотивни приказни беа откриени духовната мисија и човечката димензија на монсињор д-р Киро Стојанов.
На панелот говореа г-ѓа Оливера Трајковска, директорка на КОВЗРГ, монсињор. д-р Киро Стојанов, отец Гоце Костов и отец Зоран Стојанов. Панел дискусијата ја модерираше Огнен Коцевски, соработник за творештво при Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Во разговорот беа допрени теми за верата како мост меѓу минатото и современото живеење, за службата како пример за љубов и присуство во животот на другите, како и за визијата за иднината и пораката до младите — дека вистинските вредности не стареат, туку се преродуваат во секоја нова генерација.
Настанот заврши во духот на благодарност, аплаузи и чувства на заедништво што ретко се доживуваат — вечер во која Куманово дишеше со едно срце.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}