На ден 05.10.2026 година, на покана на амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на свечениот прием по повод Денот на германското единство.

Овој датум потсетува на еден од пресвртните моменти во поновата европска историја – обединувањето на Германија, но и на вредностите што го овозможија тој процес: слободата, единството и надминувањето на поделбите.
Сојузна Република Германија е еден од долгогодишните партнери на нашата земја, додека соработката меѓу двете држави се развива во повеќе области, со силна поддршка како дел од европската перспектива.
Свечениот прием собра претставници на дипломатскиот кор, институциите и јавниот живот и беше можност, покрај одбележувањето на германскиот национален празник, да се потврдат пријателските односи и континуираниот дијалог меѓу двете земји.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}