На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на ден 29. 07. 2025 година, во македонската Архиепископија во Скопје, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, во духот на архипастирска љубов и внимание, ги прими учесниците и организаторите на Православната летна школа.
На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на ден 29. 07. 2025 година, во македонската Архиепископија во Скопје, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, во духот на архипастирска љубов и внимание, ги прими учесниците и организаторите на Православната летна школа што оваа година по третпат се одржа во периодот од 20–27 јули 2025 година во организација на хуманитарната организација „Свети Нектариј Битолски“, со поддршка од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) и волонтери од Македонија и дијаспората.
На приемот присуствуваа даца од Словенија, Романија и Швајцарија, кои го запознаа нашиот Архиепископ и споделија искуства од нивниот престој во Македонија и од учеството на летната школа.
Во срдечна и возвишена атмосфера, Архиепископот им се обрати на младите учесници со пастирско слово во кое ги охрабри да останат верни на светото православно предание, на евангелските вредности и на вековната духовна традиција на нашиот народ.
На настанот присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, која истакна дека Комисијата оставува подржувач на ваквите школи, кои се од особено значење.
На присутните учесници им беа поделени пригодни подароци за нивното понатамошно растење во вера, надеж и љубов.