Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска од 15 до 16 април 2026 година присуствуваше на Прекугранична тркалезна маса за спречување и борба против насилен екстремизам и радикализација што води кон тероризам и онлајн радикализација и активно учествуваше во дебатниот дел од настанот.

Тркалезната маса во организација на ОБСЕ се оддржа во Тушемишт, Р. Албанија.
Оваа прекугранична тркалезна маса имаше за цел дополнително да го зајакне дијалогот и соработката меѓу властите на двете држави, граѓанското општество и чинителите, во заедницата во спречувањето и борбата против насилниот екстремизам и радикализацијата што води кон тероризам (P/CVERLT), вклучително и во онлајн просторот.
Препознавајќи ја транснационалната и дигиталната природа на процесите на радикализација, подобрената регионална координација е од суштинско значење за ефикасно справување со новите ризици, промовирање кохерентни одговори и олеснување на размената на добри практики.
На тркалезната маса учествуваа приближно 30 учесници од Албанија и Македонија, вклучувајќи претставници на националните и локалните власти, органите за спроведување на законот, граѓанското општество и чинителите во заедницата.
За време на четирите сесии пред присустните свои излагања имаа: г-ѓа Лејди Дервиши – Национален координатор за ЧНЕ, Албанија; г-дин Павле Трајанов – Национален координатор за ЧНЕ, Македонија; Седат Ајдари – Мисија на ОБСЕ во Скопје; Герт Зах – Секретаријат на ОБСЕ; Ерлинда Норки – ИАНС Албанија.