Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Меѓународниот Славјански Универзитет потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат основите за продлабочување на меѓусебната институционална, образовна, научно-истражувачка и стручна соработка.

Меморандумот го потпишаа директорката на Комисијата, Оливера Трајковска, и генералниот секретар на Меѓународниот Славјански Универзитет, доц. д-р Мартин Ѓорѓиев.
Со потпишувањето на Меморандумот се отвораат можности за заедничко организирање научни конференции, трибини, семинари, обуки и други образовни активности, како и за реализација на научно-истражувачки проекти и размена на стручни знаења и искуства.
Посебен акцент се става на вклучувањето на студентите во заедничките активности и иницијативи, со цел поттикнување на нивниот академски и професионален развој, како и продлабочување на разбирањето за улогата на верските заедници во современото општество.
Ова партнерство претставува значаен чекор кон промовирање на меѓурелигискиот дијалог, меѓусебното почитување и афирмација на етичките и општествените вредности.