Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска беше во посета на Мис Стон центарот на Евангелско - методистичката црква во Струмица.
На ден 23.12.2024 година директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска беше во посета на Мис Стон центарот на Евангелско - методистичката црква во Струмица.
При посетата оствари средба со Мартин Конев, сегашниот претседател на "Дијаконија" и поранешниот претседател Миле Цеков, кои ја претставија мисијата, проектите и визијата на хуманитарната организација.
Мис Стон центарот има благородна мисија и секојдневно опслужува со топол оброк околу 250 корисници, 200 на територијата на Струмица и 50 на територијата на Радовиш.
Исто така, дава нега на стари и изнемоштени лица, работи на поддршка и описменување на деца Роми, советување и поддршка на млади девојки Ромки кои стапиле во предвремен брак, асистира и помага во ситуации на елементарни непогоди.
Центарот има цел да ги продолжи и прошири своите активности и да даде свој придонес во областа на социјалната заштита.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}