Денес, во рамки на соработката помеѓу државните институции и верските заедници, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска, заедно со директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, г-ѓа Ирена Илиевска, ја посетија Тетовско-гостиварската епархија и остварија средба со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир.

Во пријатна и срдечна атмосфера, беше разговарано за значењето на континуираната поддршка на верските објекти и за предизвиците со кои се соочуваат епархиите во својата мисија. Посетата претставува потврда за заложбата на институциите за унапредување на соработката со верските заедници.
Во рамки на посетата, беше извршена и распределба на донации обезбедени од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, преку посредство на КОВЗРГ. Освен на Тетовско-гостиварската епархии донации беа доделени и на: Кумановско-осоговската епархија, како и на: Бигорскиот манастир и црквите „Свети Атанасиј Велики“ во с. Негорци и „Свети Спас“ во Гевгелија.
Донациите опфатија: темјан, ќумур, икони, литургиско вино, чаши за причест, свеќници, бројаници и др.
Овие донации се значаен придонес за унапредување на богослужбениот живот и опремата на храмовите, и претставуваат пример за успешна соработка помеѓу државните институции и верските заедници во насока на поддршка на духовниот и културниот живот во државата.