Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска беше во посета на ФИН по повод назначувањето на новиот декан.
На ден 26.02.2025 година директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска во придружба на административниот службеник Бесим Мемеди, беше во посета на Факултетот за исламски науки, по повод назначувањето на новиот декан проф. д-р Абдулџемил Несими.
Директорката му го честита именувањето на деканот и му посака успех во ракововодењето со институцијата и реализација на голем број значајни проекти.
На работниот состанок помеѓу КОВЗРГ и ФИН се потпиша меморандум за соработка, чија цел е предлабочување на меѓуинституционалната соработка и реализација на заеднички активтости, во правец на градење мир, соживот и толеранција.
За време на посетата деканот Несими и се заблагодари на директорката Трајковска за посетата и ја запозна со активностите на факултетот, покажа подготвеност за идни заеднички проекти.
Во рамки на посетата директорката беше запознаена со работните простории на факултетот, библиотеката, амфитеатарот и предавалните, при што на кратко присуствуваше на часот по арапски јазик , реализиран од страна на д -р Мухамед Мустафа.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}