Денес, во Скопје поглаварите на петте верски заедници потпишаа заеднички акт за соживот
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г - ѓа Оливера Трајковска ја поздравува денешната средба на верските лидери и целосно ја поддржува оваа иницијатива, како и потпишувањето на актот за соживот.
Верските лидери биле и ќе бидат клуч на верски соживот и толеранција во Македонија. Аналогно на тоа, секој еден верник кој ја практицира својата вера ќе ги следи патеките на своите водачи.
Верата е основниот темел во обликувањето на нашите идентитети, нашите вредности и нашите заедници. Во време кога светот се соочува со глобални предизвици, кога се обидуваат да создадат поделби и бариери, потребно е да се најде заедничка нишка на разбирање и единство, заеднички јазик кој ќе употреби зборови на почит и ќе го спознае различниот од себе.
Секој убав збор лекува, а секој убав дијалог води кон мир.
Да негуваме дијалог кој води кон личен и глобален мир!
Директор
Оливера Трајковска
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}