Македонија – симбол на непокор, традиција и силна вера.
Македонија – земја на различности споени во едно, на единствен и препознатлив начин.
Токму во тоа заедништво таа опстојува низ вековите, децениите и годините.
Македонија – симбол на непокор, традиција и силна вера.
Македонија – земја на различности споени во едно, на единствен и препознатлив начин.
Токму во тоа заедништво таа опстојува низ вековите, децениите и годините.
Одбележувајќи 35 години од независноста на нашата татковина, со почит се навраќаме кон минатото, кон жртвата и заложбите на генерациите кои придонесоа за создавањето и градењето на македонската државност.
На покана на Н.Е. претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на одбележувањето и, во знак на длабока почит кон творците на државотворноста, положи свежо цвеќе во Алејата на великаните.
Свежо цвеќе беше положено пред делото и вечните почивалишта на: првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров; првиот премиер Никола Кљусев и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски.
Одбележувањето на Денот на независноста е потсетник дека секој од нас, индивидуално и колективно, има долг и кон предците и кон поколенијата што доаѓаат.
Да бидеме достојни чувари на самобитноста, идентитетот и иднината на Македонија!

Вечна им слава!
