На ден 09.10.2026 година, по повод петгодишнината од осветувањето на црквата „Св. Лидија Македонска“ во Свети Николе, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, беше дел од свеченото одбележување на овој значаен јубилеј.

Во рамките на одбележувањето беше отслужена Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија. За време на богослужбата, свештеникот Столе Тасев беше произведен во протојерејски чин, по што директорката упати честитки и желби за успешна и плодотворна духовна служба.
Света Лидија Македонска, првата христијанка на европско тло, претставува значајна историска личност и симбол на почетоците на христијанството во Европа. Нејзиниот лик и дело сведочат за историската поврзаност на Македонија со најраните христијански традиции и за значајната улога на жената во ширењето на христијанството.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}