На ден 08. 05. 2026 година во соборниот храм „Св. Климент Охридски", под диригентската палка на неуморната маестра Летка Димовска Полизова, во возвишена атмосфера, ангелскиот глас на вокалните солистки од камерниот хор "Св.Злата Мегленска" го одбележаа својот 30 годишен јубилеј.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска ја имаше честа да се обрати пред присутните гости, помеѓу кои, како поддржувачи и афирматори на нивното дело беа градоначалникот на општина Куманово, г-дин Максим Димитриевски; на град Скопје г-дин Орце Ѓорѓиевски; поранешниот градоначалник г-дин Трифун Костовски; поранешниот претседател г-дин Ѓорѓе Иванов; вицепремиерот г-дин Љупчо Димовски; министерот за дигитална трансформација г-дин Стефан Андонов, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, претставници на дипломатскиот кор и љубители на духовната музика.
Камерниот хор "Св.Злата Мегленска" е синоним за опстојот на чуварите на културниот и духовниот идентитет на македонско тло и ширум светот. Нивното дело заслужува восхит и почит.
Ние, како македонски аудиториум треба да бидеме силни поддржувачи и промотори на нашите амбасадори, кои преку своите маестрални изведби ја доближуваат Македонија до светот.
Нека ви е честит јубилејот и уште долги години да опстојувате, да го воспевате Бога и да носите чиста македонска песна!