По повод 11 март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на настаните од комеморативната програма во Штип и Скопје
Во рамки на одбележувањето на 11 март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на комеморативните настани на кои се сеќаваме на најтрагичниот настан во историјата, кога 7144 Евреи од Македонија беа депортирани и погубени во логорите на смртта. Животот на 7144 македонски еврејски семејства згасна во најстрашните околности, многу детски очи не го видоа сонцето повторно и многу мајки за последен пат во прегратки ги држеа своите чеда.
Во спомен на Холокаустот од страна на Еврејската заедница беше организирана три дневна комеморативна програма во градовите: Битола, Штип и Скопје. Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на настаните од комеморативната програма во Штип и Скопје.
Никогаш повеќе, никогаш да не се повтори, никогаш да не се заборави.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}